Македонија доби сребрена плакета за успешно промовирање на туризмот

Македонија доби сребрена плакета за нов квалитет во туризмот на Интернационалниот саем Winter & Spa туризам што се одржа на 23 и 24 октомври во Нови Сад, Србија.

- Наградата го потврдува успешното промовирање на македонскиот туристички производ и Македонија како нова и атрактивна дестинација на Балканот и пошироко, нудејќи им на светските туристи искуство кое ги спојува различните туристички сегменти од култура и историја до активности во природата, истакнува Агенцијата за промоција на туризмот во денешното соопштение. 

За време на саемот остварени се средби со бројни учесници во туристичкиот сектор со кои се договорени идните активности.

Интернационалниот саем во Нови Сад е во организација на „Туристичка призма“ и на него покрај наградите на државите за нов квалитет во туризмот, беа доделени и награди за приватниот сектор. 

27.10.2014 - 14:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега