ФОТО: Поминал низ голгота - ова е тинејџерот убиен од свој другар

 

Србија од вчера е во шок по осамнување на веста дека малолетник си го уби најдобриот другар со пиштол.

Убиецот е 17-годишно момче, а жртвата е една година постар од него.

Српските медиуми го открија идентитетот на починатиот. Станува збор за Тимотије Коциќ. Поминал низ вистинска голгота.

Другар му извадил пиштол и почнал со него да се фали пред другарите. Набрзо пукал кон Тимотије. Преплашен почнал да бега во паника. Се обидел да побегне низ прозорецот од куќата, но другар му го ранил со уште еден куршум во стомакот.

Долго време во силни болки чекал Брза помош, додека обилно крварел. Другарите очајно се обидувале да му помогнат, но раскажуваат дека течело толку многу крв, што не можеле да видат ниту од каде доаѓа.

27.10.2014 - 14:44

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега