Милионитиот патник ќе пристигне на „Александар Велики“

 

На аеродромот „Александар Велики“ во Скопје за денеска е најавен пречек на милионитиот патник. 

На организираниот пречек на скопскиот аеродром е најавено присуство на вицепремиерот  за економски прашања Владимир Пешевски и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.

Аеродромот „Александар Велики“ беше модернизиран во септември 2011 година со инвестиција од околу 100 милиони евра на концесионерот турски ТАВ. 

28.10.2014 - 09:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега