Илинден- економски мотор на скопскиот регион
Поволните услови што им се нудат на инвеститорите, ниските цени на градежното земјиште, малите давачки, придонесуваат бизнис семејството на Општина Илинден, секојдневно да се зголемува. Со индустриската зона Бунарџик и деветте локални економски зони, општината Илинден стана лидер по бројот на инвестиции во регионот, пишува Лидер.
Развиената сообраќајна инфраструктура, близината на автопатот и железницата, како и аеродромот Александар Велики, ги прават деветте развојни зони во општина Илинден ги прават едни од најпривлечните локации за инвестирање во скопскиот регион.
Во последните неколку години во општината Илинден над 150 компании стартувале или го прошириле своето производство. Интересот за инвестиции на територијата на општината постојано расте.
Само вчера беа најавени шест нови инвестиции со вкупна вредност од 10 милиони евра, кои треба да отворат нови 500 работни места.
На последното електронско јавно наддавање за октомври, за отуѓување на градежноземјиште во локалните економски зони во општина Илинден, компаниите „Ман импортер“ и „Атлантик трејд“, од Хрватска и домашните „Мобико“, „Кам фуд“ и „Тотал логистик“ се стекнаа со градежни парцели на кои ќе ги изградат своите стопански објекти.
-Инвеститорите пред сѐ бараат подготвен терен, подготвени парцели. Основата на сето тоа е што инвестицијата не треба да ги чека документите, туку документите треба да ја чекаат инвестиција“, вели првиот човек на општина Илинден, Жика Стојановски.
Новите компании ќе отворат капацитети од кондиторксата индустрија, информациско- комуникациските технологии, откупно дистрибутивен центар, логистички центар и продажен центар.
„Атлантик трејд“ ќе гради дистрибутивно логистички центар вреден повеќе од 2 милиона евра, и ќе креира 100 нови работни места.
„Ман импортер“ ќе вложи во продажно сервисен центар вреден 2 милиона евра во кој ќе бидат вработени 100 лица.
Домашната компанија „Тотал логистик“ купи две градежни парцели. На едната ќе изгради фабрика за производство на кондиторски производи, а на другата логистичко дистрибутивен центар. Вкупната инвестиција изнесува 3.000.000 евра, а ќе бидат отворени 150 работни места.
Логистичко дистрибутивен центар и дирекција ќе гради и компанијата „Кам фуд“, ќе вложи 2 милиона евра и ќе креира 150 работни места.
Фирмата „Мобико“ која што се занимава со услуги во делот на информатичката технологија , во својот нов објект ќе вработи 10 лица и ќе вложи милион евра.
Се намалува стапката на невработеност!
Покрај странските, и домашните компании сѐ почесто инвестираат во оваа општина.
Неодамна компании од Унгарија покажаа свој интерес за инвестиции, а во зоната Марино- Кадино, неодамна беше најавена и нова инвестиција од кондиторската индустрија, вредна 5,5 милиони евра.
Производствениот погон на компанијата „Пекабеско“, изграден на површина од 4 хектари е најголемата домашна инвестиција во оваа општина, вредна 14 милиони евра.
Холандската компанија „ВП Текс“ е една од многуте странски компании кои решиле својот ланец на фабрики да го прошират во општина Илинден. Пред една година почнаа со 40 вработени, а денес оваа интернационална компанија работат над 120 луѓе.
Еден од одлучувачките фактори компаниите да инвестираат е работната сила, бидејќи општина Илинден има 12 населени места со 17 илјади жители, што претставува голем потенцијал за избор на квалитетна работна сила.
Инвестициите во оваа општина го раздвижија пазарот на трудот, па така жителите многу често се вработуваат во близина на својот дом. Во општината има само околу 1.300 невработени, од кои половина активно бараат работа.
Со помош на инвестициите во општината, како и со активните мерки за вработување, се повеќе се намалува невработеноста во оваа општина и во градот Скопје.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа