"Немам за кого да живеам, си ги закопав двете деца" - мајката на Даниел завиена во црно
Даниел Доминиковиќ (22) , Кристијан Фазлија (20), неговата девојка Исидора Демири (19) и нивниот роднина Сеад Круези (20) загинаа пред два дена во тешка сообраќајна несреќа која се случи во близина на Белград во местото Ресеник. Мајката на Даниел е во тежок очај, скршена од болка и не може да се помири со својата судбина. Таа деновиве го загуби чедото, а пред две години го загубила и другиот син.
-Немам кој да ми ја наследи семејната лоза, немам на кого раката да ја потпрам. Мојот син Марко имаше 13 години кога се удави во Дунав во 2012-та година додека беше во детско село. Јас ниту од таа несреќа не се опоравив, а сега што ли ми се случи- уште една трагедија, раскажува мајката на Даниел за српските медиуми.
Тешката сообраќајна несреќа младите ја доживеале на враќање од свадба. На свадбата Даниел бил кум.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа