Колкава била просечната нето плата во август?

 

Просечната исплатена нето плата во август изнесувала 21.217 денари, што е зголемување од 0,5 проценти во споредба со истиот период 2013 година. 

Како што објави денеска Државниот завод за статистика, зголемување има во секторите Стручни, научни и технички дејности за 8,9 проценти, Градежништво за пет проценти и Уметност, забава и рекреација за 4,8 проценти. 

Зголемување од 0,3 проценти има и кај бруто платата која изнесувала 31.080 денари. 

Според статистичките податоци, зголемувањето се должи пред се на покачувањето на платата во секторите Стручни, научни и технички дејности за 7 проценти, Градежништво за 4,6 проценти и Уметност, забава и рекреација за 4,2 проценти.

Плата не примиле 1,4 проценти од вработените во Македонија, покажуваат податоците на Статистика.

28.10.2014 - 13:49

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега