Најмалку 7.000 работници во Македонија земаат помалку од минималната плата

 

Најмалку 7.000 работници земаат помалку од законски утврдената минимална плата, покажуваат податоците на Државниот инспекторат за труд.  

По утвредните неправилности од инспекторите 1.015 работодавачи на работниците им го исплатиле минималецот, додека 115 ќе треба да платат глоби.  Ако се знае дека дел од работниците не пријавуваат дека се оштетени од газдите од страв да не го изгубат работното место, може само да се претпостави дека бројот на лицата кои земаат помалку пари отколку што треба е поголем од официјачно утврдениот.

На инспекторите не им се непознати ниту случаите кога на работниците им се исплатува платата во целина, а потоа се приморани дел да им вратат на рака на газдите.

Но, овие случаи тешко се докажуваат.  

Со измени на Законот за минималната плата кои се во собраниска процедура, се заоструваат казните за неисплата на минималецот и се предвидуваат глоби кои достигнуваат до 10.000 евра, а постои и опција за затворање на фирмата за извесен период.   Министерството за труд и социјална политика исто така најавува и поригорозни контроли. 

28.10.2014 - 23:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега