Скопјанец го натоварил Аудито со мигранти и тргнал на пат

Регионалниот центар за Граница „Југ“ поднесе кривична пријава против 35-годишниот А.Д. од Гевгелија кој на 26 по полноќ кај клучката Гевгелија бил фатен со својот „ландровер“ во кој биле пронајдени четворица сириски државјани. 

Кривична пријава си заработија и 40-годишниот А.М. и 49-годишниот Т.Т. од Скопје, за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“. На 25.03. на автопатот Гевгелија-Скопје од страна на полициски службеници запрени се две патнички возила „киа спортаж“ и „ауди А6“ управувани од пријавените, а при преглед во истите се пронајдени седум сириски државјани. 

29.10.2014 - 10:18

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега