Автомобил и автобус се „искршија" кај Ново Село

На магистралниот пат Охрид- Кичево- Скопје, утрово околу 8 часот, кај Ново Село во близина на Гостивар, се случила сообраќајна незгода во која учествувало патничко моторно возило и автобус на АД „ Галеб“.

Од охридското претпријатие изјавија дека нема повредени патници во автобусот и дека е причинета само материјална штета, пренесува Охрид Њуз.

Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски информирал дека во сообраќајната незгода е повреден возачот на патничкото возило, кој е пренесен во Општата болница во Гостивар.

Увидот е во тек.

29.10.2014 - 11:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега