Паѓа цената на нафтата - ќе возиме на евтино гориво
Цената на нафтата во Македонија бележи тренд на опаѓање, а како што предвидуваат експертите, ситуацијата на светскиот пазар најавува дека многу веројатно е дека цената и понатаму ќе продолжи да паѓа.
Една од теориите за падот на цената на нафтата е дека САД и големите произведувачи на нафта со хиперпродукција се обидуваат економски да притиснат два трна во очите на Вашингтон – Русија и Венецуела.
Суровата нафта за последните три месеци поевтини околу 17 отсто, со перспектива да поевтини уште 20 отсто. Новонастанатата ситуација забележително се оодрази и на малопродажната цена на нафтата кај нас. Со последната измена на Регулаторна комисија за енергетика, цената на нафтата се намали од 1,5 до 3 денари за литар. А, како главна причина за поевтинување на нафтата и нејзините деривати, од Регулаторна ја наведуваат пониската просечна цена на суровата цена на светскиот пазар во измниатато 14 дена за 6,87 отсот и за 0,68 повисокоит курс на денарот во однос на доларот.
Тоа што долго време важеше како природен закон, во моментот се чини дека е вон сила. Цената на нафтата изминатите месеци рапидно паѓа и покрај тешките кризи во земјите во кои се црпе нафта. Русија е вовлечена во украинскиот конфликт, во Ирак беснее војна со радикалните исламисти, Нигерија беше погодена со епидемија на ебола.
Според Радомир Цветковиќ, поранешен член на Регулаторна комисија, неможе да се најде логика за падот на цената на нафтата на глобално ниво.
„Нафта се’ помалку има, а од друга страна цената паѓа. Моја претпоставка е дека се користат нафтените резерви или пак се вршат притисоци од страна на глобалните играчи“, вели Цветковиќ.
Според него секогаш некои поголеми светски настани влијаеле на цената на нафтата, иако за сегашниот пад, нема логичен заклучок.
Светски економисти коментираат дека причина за падот на цената на нафтата е големата понуда на нафтените пазари, пред се’ поради револуцијата во САД во однос на добивање фосилно гориво од нафтени шкрилци.
Но една од теориите е дека САД и големите произведувачи на нафта со хиперпродукција се обидуваат економски да притиснат два трна во очите на Вашингтон – Русија и Венецуела.
Русија зависи од приходите од извозот на нафта, со оглед дека нафтата и гасот учествуваат со 70 отсто во вкупните приходи. Русија губи околу 2 милијарди долари за секој долар намалување на цената на нафтата, а падот на цените влијаеше приходите од извозот на нафта да бидат на најниско ниво од декември 2010 година.
Во Русија моменталната ситуација потсетува на осумдесетите години од минатиот век. И тогаш цената на нафтата значитено падна. Секретарот на рускиот Национален совет за безбедност, Николај Петрушев, изјави дека САД пред три децении предизвикале пад на цената на нафтата за да го доведе Советскиот Сојуз до банкрот.
Исто така, во извештај на Рускиот институт за стратегиски студии, објавен во средината на септември, стои дека падот на цената има врска со еден договор помеѓу САД и Саудиска Арабија. И навистина, Саудиска Арабија засега не покажува никакви знаци дека со намалување на експлоатацијата на нафта сака да ја стабилизира цената на нафтата. Напротив, оваа земја уште повеќе ја зголеми експлоатацијата на нафтата.
Вистина е дека од ниската цена на нафтата страдаат и САД и Саудиска Арабија, но, Саудиска Арабија во годините кога цената на нафтата беше висока има направено залихи од околу 450 милијарди долари, кои на оваа земја сега можат да и’ помогнат во мир да размислува и да делува.
Оваа ситуација е можност САД и Саудиска Арабија, во договор со големите произведувачи на нафта, за кратко време да и’создадат проблеми на Русија, но дали ќе успеат во тоа, останува да се види.
Според пазарната анализа на британската банка „Барклиз“ глобалната потрошувачка на нафта во оваа година пораснала со најспоро темпо од 2009 година, како последица на послабата побарувачка од Кина.
Кина, како втора најголема светска индустрија, веќе соопшти дека во септември го удвоила трговскиот суфицит на 31 милијарда долари, благодарение на големиот раст во извозот и спориот рас на увозот.
Залихите на нафта се натрупуваат од јули, се наведува во анализата на „Берклиз“, алудирајќи така на враќањето на либиската нафта на пазарот по долгогодишниот прекин на работа во оваа земја, поради граѓанските немири.
Поевтинувањето на нафтата на светските берзи, исто така значи дека некои извозници на нафта се подготвуваат за значајно намалување на приходите, додека некои земји увознички може да имаат економска корист, со оглед дека како потрошувачи плаќаат помалку за енергија и можат да трошат повеќе за други намени, коментираат експерти.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа