Обновено: Битолчанец тешко повреден при сударот на автомобил и автобус (ФОТО)

 

Едно лице е тешко повредено во директниот судир на автомобил и автобус што се случи утринава кај гостиварско Ново Село.

Несреќата се случила околу осум часот, на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во близина на Новоселски мост, каде се судриле автобус со охридски регистерски таблици и патничко возило „Форд-фокус" со битолски таблици, кое го управувал 50-годишниот П.И од Битола.

Возачот на „фордот" се здобил со тешки телесни повреди и по укажаната помош во Гостиварската болница е пренесен во Битолската болница.

 

29.10.2014 - 12:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега