На колку начини таа може да доживее оргазам?
Истажувањето на двајца француски гинеколози донело до заклучок дека не постои само еден вид на женски ргазам. Тие со помош на ултразвук ги мереле промените во крвотокот на жените за да откријат како се однесуваат нивните полови органи за време на различен тип на секс.
Жените кои учествувале во експериментот требало да се стимулираат самите себе си, еднаш преку клиторисот, а друг пат вагинално со влажен тампон. За време на двете стимулации гинеколозите ги мереле промените во крвотокот околу вагината и клиторисот и откриле дека постои функционална разлика во организмот во зависност од типот на сексуалниот контакт.
За време на надворешна стимулација реагира само клиторисот, додека кога има вагинално дразнење реагираат и клиторисот и преостанатиот вагинален комплекс. Со тоа се создаваат две сосема различни чувства во телото.
Наједноставно кажано, постојат два типа на оргазам и тоа во зависност од стимулацијата. Докажано е дека и двата типа се клиторични, но во однос на тоа каква е стимулацијата (надворешна или внатрешна) реагираат различни делови од клиторисот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа