Јавното обвинителсто истражува: Кој пукаше во македонската Влада?

Во синоќешните часови, околу 22 часот и 20 минути, во зградата на Владата на Република Македонија од страна на непознат сторител детонирани се два проектили.

„Надлежниот јавен обвинител излезе на местото на настанот и изврши увид. Во моментот се преземаат дејствија за откривање на сторителите.

Секое наведување на непоткрепени детали би претставувало шпекулација. Во интерес на истрагата, во моментот, Јавното обвинителство на Република Македонија не може да сподели поопсежни информации.“ - стои во соопштението на Јавнто обвинителство на РМ.

29.10.2014 - 20:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега