Неколку пати се фрлал под автомобили на крајот го смачкал камион
Пред бројните шокирани минувачи и возачи на автомобили кои вчера околу 16 часот се затекнале на Крешимировата улица во Риека, возрасен маж се фрли под камион во движење.
Возачот на камионот се обидувал да го избегне, ама безуспешно. Дури се обидел и да кочи, но едноставно немал каде. Мажот останал да лежи под камионот, а го извлекле пожарникари и лекарите од Итната помош.
Според изјавите на очевидци се уште бил свесен, а рацете и главата му биле крвави. Транспортиран е со возило на итна помош во Клиничко - болничкиот центар.
Според неофицијалните информации, неколку моменти порано се обидел истото да го направи и тоа во два наврати, но возачите сепак успеале да го избегнат.
Нема информации дали претходно избегал од Одделението за психијатрија во Риека.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа