Скопјанец направил парче - ограбил пет цркви

Полициската станица во Кратово поднесе кривична пријава против 27-годишниот Т.Д од Скопје, за сторени осум кривични дела „тешка кражба“. Пријавениот, во текот на август и септември, на подрачјето на Кратово со употреба на физичка сила и подесен алат извршил тешки кражби во пет верски објекти од каде одзел 57.500 денари, а останатите три кражби ги извршил во колонијални продавници одземајќи кондиторски производи, цигари и 13.100 денари.

30.10.2014 - 11:07

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега