Евростат: Македонија со суфицит 100 милиони евра во балансот на прометот и услугите во првиот квартал годинава

 
Република Македонија остварила суфицит од 100 милиони евра во балансот на прометот и услугите во првиот квартал на 2014 година, објави денеска Европската канцеларија за статистика (Евростат). Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, во вториот квартал на оваа година не се очекува никаков суфицит, ниту пак загуба, додека во третиот квартал на 2013 година, Евростат забележал плус од 200 милиони евра во балансот на прометот и услугите на нашата држава.
 
Во однос на балансот на тековните плаќања во првиот и вториот квартал од оваа година, како и во четвртиот квартал за лани, во Македонија е забележан дефицит од 100 милиони евра, што значи дека земјата повеќе увезувала услуги и стоки одошто увезувала.
 
Во однос на состојбата во Европската унија, според Европската канцеларија за статистика, сезонски прилагодената надворешна тековна сметка забележала суфицит од 32,6 милијарди евра (што е 1.0 отсто од БДП) во вториот квартал на 2014 година, а 8,1 милијарди евра во првиот квартал од 2014 година. Сепак, тоа е помалку од забележаниот суфицит од 40,9 милијарди евра (1,3% од БДП) во вториот квартал на 2013 година.
 
Врз основа на несезонски прилагодените податоци, во вториот квартал на 2014 година, инвеститорите од ЕУ повлекле 25,5 милијарди евра од директни инвестиции, средства кои се чуваат во странство, во споредба со инвестиции од 89.2 милијарди евра во вториот квартал на 2013 година. Обврските од директните инвестиции со остатокот на светот, во Унијата се намалени за 8,6  милијарди евра, во споредба со инвестиции од 147,9 милијарди евра во истиот квартал во 2013 година.
 
Тековната сметка на земјите-членки, што се однесува до салдото , врз основа на несезонски прилагодените податоци, кај земјите-членки на ЕУ се регистрирани 14 суфицити, 11 дефицити и три земји биле во рамнотежа во вториот квартал на 2014 година, Највисок суфицит е забележан во Германија (+46,3 милијарди евра), Холандија (+ 15,6 милијарди), Италија (+ 6,1 милијарди), Шведска (+ 5,4 милијарди) и Данска (+ 4,1  милијарди евра). А, најголем дефицит е забележан во Обединетото Кралство (- 25,5 милијарди евра), Франција (- 11,4 милијарди) и Финска (- 1,4 милијарди евра)
30.10.2014 - 13:57

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега