Повеќе скопски општини утре без струја

Без електрична енергија утре ќе останат дел од корисниците во повеќе скопски општини.

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје соопшти дека во периодот од 7:45 до 8:45 часот без струја ќе бидат корисниците лоцирани на булеварот „Босна и Херцеговина“, објектот на „Порше“ и на СУГС „Зевљуш Марку“, а од 8:30 до 14:30 часот улиците „Натанаил Кучевишки“, „Александар Бујнов“, „Петар Манџуков“ и „Бетовенова“.

Во периодот од 8:30 до 16 часот прекин во напојувањето ќе има во селата Средно, Долно и Горно Коњари, Дивље, Сушица, Живиње и Чифлик, како и објектот на АЛЕМ Компани, додека од 9 до 12 часот, улиците „Баница“, „Наум Охридски“, „Востаничка“, „Банско“ и „Благоја Гојан“.

Според РЦУК, без струја од 9 до 15 часот ќе биде булеварот „Теодосиј Гологанов“ од бр.160 до бр.186, Побожје, улиците „Пролетерска“ кај кружниот тек и „Радушка“.

Во периодот од 10 до 15 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од улицата „Девол“ од бр.10 до бр.30. 

30.10.2014 - 14:49

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега