ВМРО-ДПМНЕ: Зголемувањето на пензиите нема да застане
На вчерашната седница на Собранието на Република Македонија, Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ даде поддршка и ги изгласа предлог измените и дополнувањата од Законот за пензиско и инвалидско осигурување со кои ќе овозможиме зголемување на средствата за пензии за 5%, а следствено на тоа и нивно зголемување.
Во продолжение следува интегрален текс од прес-конференцијата на Драган Цуклев, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија
Како претставници на граѓаните во Собранието не можеме да бидеме незадоволни кога гледаме дека се остваруваат потребите и интересите на граѓаните за подобрување на нивниот животен стандард.
Пратеничкиот состав на ВМРО-ДПМНЕ заедно со Владата со заеднички сили досега неколкукратно ги зголемија пензиите на пензионерите како и спроведоа разни мерки за олесување на пензионерскиот живот.
Факт е дека до 2006 година пензионерите во Република Македонија имаа далеку помали пензии кои не беа доволни ниту за основните потреби на пензионерите и тие беа заборавени и оставени на маргините на општеството долго време.
Додека пак, од 2006 година до денес, ќе забележиме двојно зголемување на просечната пензија. Најниската пензија досега беше зголемена за 76% додека просечната пензија од 2006 година до сега е зголемена за 62%.
Зголемувањето на пензиите нема да застане. Преку директните контакти и средби со пензионерите секојдневно добиваме позитивни реакции посебно кога се работи токму за зголемувањето на пензиите.
Освен зголемените пензии пензионерите добија низа други поволности кои им го олеснија секојдневниот живот.
Тука можеме да ги напоменеме бесплатниот јавен градски превоз, бањско климатската рекреација, намалените цени на лековите како и други мерки кои беа општо прифатени од страна на пензионерите.
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ стојат зад програмата со која беа избрани на последните парламентарни избори.
Токму на вчерашната седница на Собранието на Република Македонија оваа одлука беше изгласана и пензионерите од септември 2015 година ќе го добијат ветеното покачување на сумата за пензии за 5%.
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ секогаш ја давала својата максимална поддршка и глас кога се работи за зголемување на пензии, плати, социјална помош и други надоместоци кои се неопходни за поквалитетен живот и стандард на граѓаните на Република Македонија.
И понатаму ќе продолжиме да работиме и да ги исполнуваме нашите ветувања за кои сте ни ја дале поддршката односно да ги застапуваме вашите интереси.
Свесни сме дека сеуште не е доволно и дека уште многу може да се направи за пензионерите, но и за сите други граѓани, да имаат уште подостоинствени услови за живот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа