Либертас: Шок на Бихаќка - Најмалку 10 пратеници на опозицијата се враќаат во Собранието
Како се ближи рокот од шест месеци по кој, или пратениците кои бојкотираат ќе се вратат во парламентот или власта за нивните места ќе распише нови избори, попушта и „компактноста“ на пратениците од опозицијата за истрајување во бојкотот. Висок функционер од СДСМ потврди дека „се е можно“ не отфрлајќи ја засега шпекулацијата низ провладините медиуми дека најмалку 10 од пратениците ќе им се придружат на Солза, Љубица и Роза, пишуа порталот под контрола на опозицијата, Либертас.
Опозицискиот портал пишува дека не се знае кои се пратениците, но тие се повикуваат на алибито дека меѓународната заедница не поддржува бојкот и постојано вршеле притисок на Заев да го прекине бојкотот.
Либертас пишува дека во прашање е материјалното а не некаква идеологија или друга стратегија. Тие прстот го вперија во Тито Петковски за кој пишуваат дека бра начин да ја продаде партијата.
„Не е тајна дека Петковски сака да замине во пензија и да се ослободи од лидерската позиција на НСДП. Тој оваа функција ја нудел и на бизнисмени кои би ја превземале и би ја финансирале партијата. Платата била наводно основниот мотив и кај другите кои се премислуваат, користејќи изговори дека во парламентот ќе биле покорисни одколку да бидат надвор. Ваква беше одбраната и на Роза, Солза и Љубица, но тие, вели нашиот извор, решија да не „ризикуваат“ и уште на стартот се оглушија на партискиот став за бојкот на изборните резултати. Овие сега, вели тој, калкулираа, но кога дојде време плата или не, смислија дека ќе воделе битка како парламентарна група, односно опозициска фракција. Сепак, ќе бидат само декор во парламентот на Груевски, тврди изворот на Либертас од најголемата опозициска партија СДСМ.“ - пишува Либертас.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа