Македонец силувал кобила во Швајцарија

 

Швајцарската полиција уапси македонски државјанин под сомнение дека силувал кобила во селото Рихенбах, пренесуваат тамошните медиуми.

Настанот се случил на 15 април оваа година, а како што пишуваат медиумите 31-годишниот македонски државјанин бил изведен пред суд и го признал грозноморниот чин, а потоа бил пуштен на слобода под услов да не го повтори кривичното дело.

Во едно соопштение од тамошната полиција се вели дека, силувачот го признал делото и дека за време на чинот бил по дејство на алкохол и дрога.

-Да, во шталата имав сексуални односи со кобилата. Бев под дејство на алкохол и дрога и незнаев што правам, наводно признал пред полицијата 31-годишниот Македонец.

Инаку, според информациите во тамошниот печат, македонскиот државјанин живее во Вилд, а на полицијата им е познат и по други кривични дела.

 

 

31.10.2014 - 12:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега