Мицковски: Со прославата во МНТ, СДСМ сруши осум години на своја тврда позиција
На своето гостување во емисијата „24 Анализа“ на телевизијата „24 Вести“, колумнистот близок до опозицијата, Ивор Мицковски, “распали“ по СДСМ.
Тој меѓу другото истакнува дека опозицијата е изгубена, нема опозициски план, функционира без јапацитет, ништо не се поместува, туку само се бараат нереални работи. Мицковски вели дека поради ваквата состојба, тој нема намера да клоца по мртвото тело на СДСМ.
Мицковски го коментира и присуството на раководниот двоец на СДСМ на прославата во новиот Македонски народен театар, кој толку го “плукаа“ за подоцна да биде нивниот избор за една приватна прослава.
-Посетата во театарот од страна на опозицијата што претставуваше? Со еден гест се срушија 7-8 години на една тврда позиција каде што тие објекти, тоа е еден од објектите на Скопје 2014, го идентификувавме со пералницата на пари на власта. И сега одеднаш се појавуваме таму, вели Мицковски.
Тој додава дека СДСМ направи катастрофални грешки кога дошло ова раководство со внатрешни поделби, со игнорирање на луѓе кои што имаат своја историја, дале свој печат и во СДСМ и пошироко.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа