Времена забрана за работење и парични казни за фирмите без фискални каси со ГПРС уред

 

Времена мерка - забрана за вршење дејност и парични глоби за правното лице и за одговорното лице, се дел од санкциите со кои ќе се соочат фирмите кои не воведоа фискални апарати со ГПРС уред.

Рокот за воведување фискални каси со ГПРС истече на 31 октомври до кога, според податоците на Управата за јавни приходи, таа обврска ја исполниле 3.958 правни субјекти.  

Околу 5.000 обврзници воопшто ја немаат почнато постапката.

Обврска да воведат фискален апарат со ГПРС до 31 октомври имаа даночните обврзници чиј промет во претходната година надминува 10.000.000 денари, како и обврзници кои вршат угостителска дејност и промет на нафтени деривати на мало (бензински пумпи). За останатите рокот е 31 јануари 2015 година.

02.11.2014 - 10:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега