Отписот на долгови стана реалност
Олеснување и помош за граѓаните од социјалните категории и уште едно крупно остварено ветување. Околу 42.000 граѓани кои поднеле барање за отпис на долговите од вчера се во исчекување за конечно решавање на нивните должнички маки.
Вчера беа доделени првите 200 решенија за отпис на долговите, а до крајот на овој месец треба да заврши работата на Комисијата која ги разгледува поднесените барања за отпис. Тогаш ќе биде позната и конечната сума на отпишаните долгови.
Станува збор за граѓани од многу градови во Македонија. Се очекуваат одлуки за отпис на долгови во сите делови на Република Македонија, од Велес, Струмица, Радовиш, Кочани, Валандово, Македонски Брод, Охрид, Битола, Гостивар.
„Едно крупно ветување што им го дадовме на граѓаните пред изборите за отпис на долговите од денес станува реалност. Тоа уште еднаш покажува дека за Владата дадениот збор преставува обврска и тогаш кога многу не веруваа и тогаш кога некои политичари нѐ напаѓаа дека само заради изборите го ветуваме тоа- се покажа кој е во право“, рече Зоран Ставрески, вицепремиер и министер за финансии.
Граѓаните кои спаѓаат во најранливите категории, најсиромашните граѓани, примателите на социјална помош, невработените ќе имаат можност да добијат решенија за отпис на долговите
„Лидер“ направи анализа за тоа како ќе се развива овој проект понатаму.
До крајот на ноември ќе заврши целиот процес!
Како што велат надлежните Комисијата за еднократен отпис на долговите интензивно работи во соработка со Министерството за финансии и Министерството за труд и социјална политика, а се очекува до крајот на овој месец да се заокружи целиот процес.
„Очекувам во текот на ноември да го заокружиме процесот и до крајот на ноември сите граѓани што ги исполнуваат законските услови, а тоа се најсиромашните категории на граѓани да добијат одлуки за отпис на долгот“, нагласува вицепремиерот Ставрески.
Право на отпис на долговите имаа невработени лица, корисници на социјална парична помош, лица кои поради болест или смрт на близок член од семејството не можеле да ги подмират обврските за електрична енергија, радиодифузна такса, банкарски кредити и долгови кон извршители.
Во фаза на работа веќе се земени 31.350 барања, што е повеќе од две третини од вкупниот број на поднесени барања кои се доставени до институциите за обработка, а половина од тој број се вратени од институциите и се пратени во следната фаза до доверителите.
Најголем дел од барањата за отпис на долговите се однесуваат на долгови за електрична енергија и радиодифузна такса.
Целиот текст прочитајте го на ЛИДЕР
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа