Јанакиески додели нови решенија, досега легализирани 105.706 дивоградби
Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески ја посети општина Прилеп и додели 60 решенија за легализација на бесправно израдени објекти.
-Како ресорно министерство и јас лично секојдневно го мониторираме процесот на легализација на бесправно изградените објекти и вложуваме максимални напори целосно да помогнеме на сите оние граѓани кои се засегнати со овој проблем. Лично ме радува фактот што општина Прилеп е лидер во имплементација на Законот за постапување со бесправно изградните објекти. Во општината се легализирани вкупно 6500 објекти од вкупно поднесени 15367 барања, изјави министерот Јанакиески.
Тој лично ги подели овие решенија и уште еднаш ги потсети граѓаните дека крајниот рок за поднесување на геодетските елаборати завршува на 31.12. 2015 година. Ги повика сите оние кои не поднеле елаборат тоа да го сторат најбрзо што можат за општините навреме да ги изготват истите.
Досега се легализирани вкупно 105.706 објекти од вкупно поднесени околу 350 илјади барања.
Владата донесе законски измени со цел да им помогнеме на социјално ранливите семејства бесплатно да се изготват геодетски елаборати за и тие да можат да го почуствуваат бенефитите од овој процес.
-Досега се поднесени околу 900 барања за изработка на геодетски елаборати од оваа категорија на граѓани од кои околу 300 се веќе готови и веќе следната недела ќе им ги доделиме, истакна министерот Јанакиески.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа