Почнува исплатата на повисоките плати - пресметајте колку денари плус ќе земете од утре

 

Утре почнува исплатата на платите за вработените во јавната администрација и до средината на месецов сите треба да ја добијат за четири проценти зголемената октомвриска плата.   Во зависност од тоа колкава плата имаат, на нивните сметки ќе легнат од 600 до 1.600 денари повеќе.  Во септември следната година за пет проценти ќе се зголемат пензиите, а од јуни за истиот процент и социјалните надоместоци.  Зголемувањето на палтите, пензиите и социјалните надоместоци кај нас се случува во време кога во поголемиот дел од Европа се намалуваат. Во Србија и Хрватска, на пример, платите на административците и пензиите се намалија за 10 прценти, во Словенија за четири, а во Шпанија за пет проценти

Пред зголемувањето

По зголемувањето

15000

15600

18000

18720

21000

21840

24000

24960

27000

28080

30000

31200

33000

34320

40000

41600

 

 

02.11.2014 - 23:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега