Повисока плата – поефикасна администрација

 

Се зголемуваат платите во администрацијата. Административците од овој месец на своите сметки ќе добијат плати повисоки за четири проценти. Во зависност од висината на платата, сите службеници ќе добијат зголемување во висина од 600 до 1600 денари. На пример, ако некој службеник до сега имал плата во висина од 15 000 денари, со зголемувањето ќе добива плата во износ од 15 600 денари. Плата од 24 000 денари, сега ќе изнесува 24 960. Според домашните експерти, секое зголемување на платите значи поголема мотовација за вработените, пишува Лидер.

-Секое зголемување на платата значи поголема мотивација, поголема мотивираност. Парите се најголема мотивација, па оттаму овде имаме една подршка и поттик за еден слој од општеството кој е многу значаен. Мора да имаме предвид дека се напуштаат оние сфаќања дека администрацијата е бирократизиран дел кој нема функција туку дека е терет во општеството, современите трендови докажуваат дека администрацијата е таа која продуцира услуги и дава подобар квалитет на живеење и со самото тоа таа заслужува подобро место во опшеството. Се работо за едуцирани и способни поединци кои што со своето знаење придонесуваат во функционирањето на бројни системи и од таму подршката што ја добиваат преку зголемување на платите значи компензација на трудот и поголема мотивираност да се подобри квалитетот на нивната работа, изјави Јован Пејковски, универзитетски професор.

Зголемувањето на платите во администрацијата ќе има повеќе позитивни мерки, сметаат и синдикалците

-Зголемувањето на платите во администрацијата од една страна ќе овозможи справување со кризата, од друга страна ќе овозможи подобрување на животниот стандард, а генерално гледано тоа ќе значи и зголемување на јавната потрошувачка, а со тоа и зголемување на вкупната економија, изјави Живко Митревски, претседател на ССМ.

Последен пат, платите во јавниот сектор беа зголемени за 10 % во 2007-мата и за дополнителни 10% во 2008-мата. Од тогаш трендот беше стопиран поради економската криза.

Освен зголемувањето на платите во администрацијата, догодина во септември пет отсто покачување ќе добијат пензионерите, а за исто толку во јуни ќе пораснат и социјалните примања. Зголемување од јануари идната година ќе има и кај минималната плата. Најнискиот износ што ќе смеат да го исплатат работодавачите ќе порасне од 8.800 на 9.590 денари.

Додека во Македонија растат, во Србија од овој месец платите и пензите се намалуваат

Намалување на платите од 25.000 динари важи за сите вработени во јавниот сектор, вклучувајќи и директни и индиректни корисници на јавните фондови и јавните претпријатија.

Намалување на пензиите ќе бидат рапосредени по растечка гранична стапка, така што поголем товар ќе поднесат оние кои имаат високи пензии, додека 61 отсто од пензионерите нема да имаат никакви намалување.

Намалување за помалку од 10 проценти ќе имаат 1.510.000 пензионери кои имаат пензии помали од 40.000 динари.

Оние чии чекови за пензии во износ поголем од 40.000 динари, ќе добијат намалување на повеќе од десет проценти.

Освен во Србија, платите за 10 % се намалија и во Хрватска, во Шпанија за 5, а во Словенија за 4 проценти.

03.11.2014 - 09:16

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега