Откриена тајна чувана 33 години– што имало во сефот на Тито?

 

Државната комисија ја откри најголемата тајна на поранешна Југославија, чувана 33 години на Јосип Броз Тито.

Имено, по неговата смрт, со одлука на претседателството на СФРЈ сите предмети кои биле во трезорот на Тито останале запечатени.

Сефот е отворен лани, а некои од драгоцените предмети се депонирани во народната банка на Србија.

Исто така во банката се предадени и предметите за кои се утврдило дека се на семејството Караѓорѓевиќ.

Во сефот на Тито имало: речиси 30 килограми чисто злато, 2.663 златници и дукати, повеќе од 1.200 нумизматички пари, 26.219 американски долари, 36.000 германски марки,149 парчиња накит кои припаѓале на Караѓорѓевиќ, синиот сафир на Романови,18 комплети сребрени сервиси и 83 копчиња за манжетни, кутии за цигари, медалјони, приврзоци и значки.

03.11.2014 - 09:52

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега