Нова трагедија: Две деца изгореа во пожар

 

 

Две деца изгореле во пожар кој утрово избил во нивната куќа во Долни Милановац во Србија, објавува српски Блиц. Весникот нема информации во какви околности избил пожарот.
Ова е втора идентична трагедија која ја потресува Србија за само неколку дена. Претходно, две деца загинаа во пожар кој изби во близина на Панчево кога мајката ги оставила своите деца заклучени во куќата додека таа надвор цепела дрва.

03.11.2014 - 10:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега