Тоа е македонски фудбал: Судијата досудил пенал - станал од резервната клупа и му удрил тупаница

Вчера околу 15,30 часот на Градскиот стадион во Струга, при одигрување фудбалски натпревар помеѓу ФК„Караорман“ и ФК„Влазними“, откако судијата досудил пенал за домашната екипа, Б.И. – играч од ФК„Влазними“, станал од клупата за резервни играчи и го нападнал судијата, удирајќи го со тупаница во пределот на лицето.

Во истиот момент, соопшти денеска МВР, судијата го прекинал натпреварот. По целосно расчистување и документирање на настанот против сторителот ќе следи соодветен поднесок.

03.11.2014 - 13:12

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега