Заев и Жерновски се договорија - на ред се пратениците

 

Каде ќе оди опозцијата по бојкотот на Собранието. Заев и Жерновски утре на Бихаќка ќе градат став по ова прашање. 

И додека лидерите цврсто седат на градоначлничките фотељи и бараат бојкот, меѓу пратениците врие. Речиси извесно е дека и останатите двајца пратеници на ЛДП ќе се вратат во Собранието, а нивниот чекор според најавите ќе го следат уште најмалку седумина пратеници на СДСМ

За  Жерновски тоа не е удар врз опозицијата бидејќи како што вели, станува збор за одлуки на поединци, а не на целата опозиција

„ И да има такви пратеници, не велам дека нема, гледам некои даваат изјави и се горди што се во Собрание иако беа на листите на нашата коалиција, тоа не треба да влијае на одлуката на опозициските партии затоа што не можат неколку поединци да ја држат во заложништво целата опозиција“ - изјави денеска Жерновски.

Заедничко за Жерновски и Заев е тоа што и двајцата немаат намера да си поднесат оставки од градоначалничките позиции иако на последниот состанок на Бихаќка, пратениците на СДСМ тоа јасно го побарале. Уште една заедничка работа е што за нив лично, бојкотот нема да има никвкаво влијание бидејќи тие во наредните 2 години имаат загарантирана функција во локалните самоуправи на Струмица и Центар.

03.11.2014 - 21:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега