Скопје: Десет сообраќајки за едно деноноќие

Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 10 сообраќајни незгоди.  Од нив, седум се со последица материјална штета и три со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле еден возач на автобус и двајца пешаци.

Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се четворица возачи кои ги управувале возилата под дејство на алкохол и тие се исклучени од сообраќај. Двајца возачи не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, 12 возачи не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, четворица возачи не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосница, како и 11 возачи кои не го користеле безбедносниот појас или, пак го користеле мобилниот телефон за време на управување на возилото.

Со помош на специјалното возило „пајак“ од страна на сообраќајната полиција отстранети се 50 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

04.11.2014 - 09:15

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега