Гостивар: Детенце преживеало хорор

Детенце од Гостивар преживеало хорор откако неговиот татко дошол дома и ја нападнал неговата мајка, по што таа во паника се обидела да се самоповреди со нож. 34-годишната Џ.Х. која била нападната го пријавила случајот во полиција. Во нејзината куќа дошол поранешниот сопруг, 26-годишниот Е.Ш. кој насилно ја отворил влезната врата и започнал расправија и ги навредувал неа и нивното малолетно дете. Потоа почнал да ја удира со тупаници по главата и телото. Најверојатно поради шокот од ситуацијата во која се нашла, Џ.Х. се обидела да се самоповреди со нож, меѓутоа била спречена од полициски службеници.

Насилникот, набрзо по пријавата е лишен од слобода и задржан во полициската станица Гостивар.

 

04.11.2014 - 10:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега