Криел дрога во чорапите - дилер падна во рацете на струшката полиција

Струшката полиција поднесе кривична пријава против 25-годишниот И.Н. од Струга, осомничен за извршени казнени дела „неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги, психотропни сустанци и прекурсори“ и „овозможување на употреба на опојни дроги“.
Пријавениот отворајќи ја пред полициските инспектори предната хауба од неговото патничко моторно возило марка „БМВ“, исфрлил една најлонска ќеса со марихуана што претходно ја сокрил под хаубата на моторот до филтерот за воздух. Дополнително кај пријавениот  во чорапот од левата нога е пронајдено уште едно ќесе со помала количина марихуана, како и 12 помали пакувања со синтетичка дрога амфетамин. Пронајден е и еден кујнски нож сокриен во патничкото моторно возило.

Настанот се случил во 20 часот и 20 минути на улицата „Владо Малески“ каде пријавениот пристигнал со негов пријател од Скопје. Тие имале средби со двајца наркозависници од Струга.

04.11.2014 - 10:59

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега