Имате нива а не ви се работи многу? - ова е решението за вас

 

Дрвото на иднината кое расте три пати побрзо од останатите брзорастечки стебла и за пет години достигнува висина од 20 метри и обем од 42 сантиметри - од далечна Кина, пушти корени во Србија.  Се работи за Пауловнија или царско дрво, специјален хибрид кој поднесува големи температурни разлики, а кое Делимир Гркиќ, поради радозналост, го засадил на својата нива. Засадил 150 стебла на шест ари и за три месеци речиси сите се високи три метри, а дебелината на стеблото им е околу 6 сантиметри. Во растот заостануваат само оние садници кои биле под вода, поради поплавите во мај. Гркиќ е презадоволен како пауловнијата во неговата нива расте, иако, наведува, бил прилично скептичен кога се одлучил за садење. Сепак, радозналоста победила, а и економскиот ефект, бидејќи пауловнијата се нарекува дрво на иднината токму поради нејзината исплатливост.   

Ова дрво со потекло од Кина се користи повеќе од 3.000 години. Распространето е и во Јапонија, а во Србија стигнало неодамна. Причината за тоа е што дури сега се појавиле хибриди од ова необично стебло кое може да успее во климатски услови какви што постојат на Балканот. Со вкрстување, пауловнијата е адаптирана за овие простори, па сега новите врсти може да издржат зимски температури пониски од минус 20 степени Целзиусови, а на лето - преку 45 во плус.

 

Гркиќ посадил 150 садници поради економксата криза. Вели дека целта му била да ги користи за огрев. Сега, планира да посади уште 1.000 садници и така на своето семејство да му обезбеди дрва за огрев во наредните 3 до 4 децении.  Царското дрво има огромни листови и лисна површина, поради што расте толку брзо. Лесно се обработува и спаѓа во квалитетно техничко дрво. За индустриска употреба е спремно за 7 до 10 години, а за тоа време стеблото достигнува дебелина од педесетина сантиметри. Во Кина, на пример, обичај е , кога ќе се роди женско дете да се засади една пауловнија, која се сече кога девојката ќе се мажи. По сечењето, ново стебло расте од истиот корен. И така седум пати, што во голема мера го прави многу исплатливо.  Вакви стебла последниве години се садат и во Македонија. Детали за засадите и одгледувањето можат да се добијат и на Факултетот за земјоделие. Дрвото е добро и за пчеларите, бдејќи обезбедува богат полен. Особена предност на ова дрво е неговата исплатливост при греење и еколошките особини, имено еден тон од ова дрво при согорување остава зад себе помалку од еден килограм пепел, а заради големината на листот произведува многу кислород па, кога ќе стаса во зрела фаза, едно дрво произведува кислород кој е доволен за потреби на 60 луѓе. 

04.11.2014 - 13:45

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега