ФОТО: Две нови спортски игралишта во општина Кисела Вода

Две нови игралишта добија љубителите на спортот во општина Кислеа Вода. Кошаркарско игралиште на површина од 70 квадратни метри е пуштено во употреба во селото Усје. Истото ја чинеше општина Кисела Вода околу 200 000 денари. На него работеа фирмите „29 Ноември”, која ги обезбеди реквизитите и „Изолација”, која работеше на асфалтирање и тампонирање на теренот.

Истите две фирми работеа и на игралиштето во Стаклара, каде освен кошаркарски терен, профункционира и детско игралиште опремено со сите детски реквизити потребни за детска игра- лулашки, клацкалка, лизгалки. Се протега на површина од 143 квадратни метри и за него оваа општина издвои околу 810 000 денари.

04.11.2014 - 15:30

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега