Што се случувало синоќа на скопските улици?

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје сообраќајната полиција извршила увид на осум сообраќајни незгоди. Од нив, шест се со последица материјална штета и две со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле двајца возачи на патничко моторно возило и еден сопатник.
 
Во текот на вчерашниот ден сообраќајната полиција открила и санкционирала двајца возачи кои ги управувале возилата под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, 32 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, од нив 18 се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место, пет возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосница, 27 возачи кои не го користеле безбедносниот појас или, пак го користеле мобилниот телефон за време на управување на возилото и 40 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин.

Со помош на специјалното возило „пајак“ од сообраќајната полиција отстранети се 57 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

По повод Денот на ослободувањето на Скопје – 13 Ноември денеска со почеток во 10 часот ќе се одржи традиционална есенска планинарска тура, која ќе се одржи на падините на Водно. Стартот е пред Институтот за сеизмологија, а целта е на Средно Водно. Со цел безбедно одвивање на оваа манифестација, од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени мерки за сообраќајно обезбедување, физичка регулација, а по потреба и пренасочување на сообраќајот.

05.11.2014 - 09:18

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега