Македонската полиција лови дрвокрадци

Полициската станица за граничен надзор Лабуништа при регионалниот центар Запад  поднесе прекршочна пријава против  43-годишниот К.Х. и  четири години помладиот В.Х., двајцата од струшкото село Велешта, заради нелегален транспорт на бесправно исечени дрва во шума кои не биле жигосани и за кои не поседувале испратница.
                         
Како што информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, на први минатиот месец околу 16 часот, кај месноста Лозја во атарот на селото Ташмаруништа, пријавените биле  затекнати во нелегален транспорт на 1,5 метри просторни огревни дабови дрва во сурова-свежа состојба кои претходно не биле означени за сеча.  

- Транспортот го вршеле на магистралниот пат Струга-Дебар со патничко возило-џип марка „Рено-Еспејс“ со тетовски регистарски таблици без претходно да обезбедат одобрение за сеча и транспорт, вели Димоски. 

Нелегално пресечената и транспортирана дрвната маса заедно со патничкото моторно возило биле одземени,  во консултација со шумската полиција.

05.11.2014 - 11:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега