Гостивар: Малолетник преживеал хорор во училишен двор

Седумаесет годишен ученик на средното медицинско учлиште во Гостивар бил физички нападнат од група негови врсници. Тепачката се случила вчера попладне во дворот на училиштето. Мотивот, најверојатно е младешка нетрпеливост и меѓусебни недоразбирање.

Случајот во полиција го пријавил таткото на момчето. На тепачката му претходел телефонски повик по што В.С. дошол на местото каде што бил повикан. Таму, неколкумина се нафрлиле на него и почнале да го удираат со тупаници по главата и телото, по што се оддалечиле од местото. Момчето од ударите се здобило со видливи повреди на лицето и подколениците.

По пријавата, тројца инволвирани во нарушувањето на јавниот ред и мир, Л.Р.(18), А.А.(18) и Е.О. (17), сите од Гостивар, биле повикани во Полициската станица Гостивар и со нив е разговарано. Ним им се изготвени соодветни поднесоци и ќе се соочат со законски предвидените глоби. Во меѓувреме се работи на идентификување и санкционирање и на другите учесници. 

05.11.2014 - 11:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега