„Фемили Аеродром“ со безбол палки ги нападнале „Сити Парк Бојс“?!

Четириесетина членови на навивачката група „Фемили Аеродром“ синоќа упаднале во салата „Градски Парк“ и со безбол палки ги нападнале навивачите на Работнички. Како што пренесува Спортмедиа, членовите на „Сити Парк Бојс“ во тој момент ја подготвувале кореографијата за вечерашното дерби против МЗТ Скопје, а групата навивачи на тимот од Аеродром при нападот успеала да одземе навивачки транспарент од салата „Градски Парк“, а фотографијата од „пленот“ ја објавиле на Фејсбук.

Овие информации се уште не се потврдени од страна на МВР.

Порталот пишува дека имало еден повреден.

05.11.2014 - 12:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега