Детали за големата тепачка во автобус на ЈСП: И машки и женски ги тепаа со токи од каиш

„Лага се информациите дека две групи се тепаа во автобусот на ЈСП. Јас бев очевидец на настанот и ви велам, дека три деца изедоа ќотек без никаква причина“
Очевидец заPress24 сведочи за хоророт кој вчера се случил во автобусот број 64 во ЈСП.
„Се се случи некаде во Карпош. Петнаесетина деца од албанска националност, меѓу кои имаше и девојчиња се симнаа и вториот на првиот спрат на автобусот и без никаква причина нападнаа три деца од Волково. Ги удираасо токите од каишите. Не ми се веруваше кога видов дека и девојчињата од албанска националност ги тепаа трите момчиња. Тие не можеа ништо да направат. Редовно се возам во овој автобус и ги познавам децата. Од Волково се. Албанците се од Никиштани. Ве молам превземете нешто. Постојано не терориризраат.
Кога дојде полицијата девојчињата се преправаа дека се повредени иако никој не ги удри“ - вели очевидец за Press24.
Во официјалниот полициски извештај стои дека вчера попладне, две групи малолетници се пресметале во градски автобус со број „64“, при што неколкумина од нив се здобиле со телесни повреди.

Тепачката се случила во 14 часот и 20 минути на булеварот „Партизански одреди“ каде што поради претходна расправија, настанала тепачка во која учествувале девет лица на возраст од 15 до 20 години. Тинејџерите си размениле боксови и клоци, а во тепачката четири лица се здобиле со тешки телесни повреди.

Против сите учесници во тепачката ќе биде поднесена прекршочна пријава.

 

 

 

05.11.2014 - 12:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега