Искористете го топлото време: Температури до 36 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 30 до 36 степени. УВ-индексот ќе има вредност 9.

Во Скопје ќе биде претежно сончево и топло со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне 35 степени.

Според прогнозата на УХМР, следува период на претежно сончево и многу топло време, со пораст на дневната температура која насекаде ќе биде над 30 степени.

-Во почетокот на следната седмица во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

06.07.2024 - 10:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега