Богата програма по повод 70- годишнината од Денот на ослободувањето на Скопје

По повод одбележувањето на 70- годишнината од 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје, Градот подготви богата програма за прославување на овој значаен јубилеј.

Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски, директорот на Музеј на Град Скопје Љубица Кондијанова и раководителот на Секторот за јавни дејности на Град Скопје Тања Балаќ, денеска ја претставија програмата за одбележувањето на 13 Ноември и 70-годишнината од ослободувањето на Скопје.

- Оваа година се одбележува еден голем јубилеј на значен настан од нашата историја -70 години од ослободувањето на Скопје. Сакаме да им оддадеме признание и да им изразиме неизмерна благодарност на борците коишто несебично, одлучно и храбро, иако далеку помалубројни од надмоќниот окупатор, се бореле за ослободување на главниот град Скопје, кој 7 децении слободно и достоинствено чекори напред.  По тој повод и годинешната програмата под мотото „70 години СКОПЈЕ СЛОБОДНО ЧЕКОРИ НАПРЕД“ за празнувањето на Денот на ослободувањето на Скопје -13 Ноември е со побогата содржина. Освен традиционалните настани коишто се одвиваат за 13 Ноември (крводарителска акција на Црвен крст, фестивалот „Златно славејче“, финални борби и доделување на Златниот гонг, „Пинг-понг градско првенство на средни училишта на Град Скопје“, Меѓународниот детски ликовен конкурс, манифестацијата ГО ГРАДИМЕ СВОЈОТ ГРАД, ноќна атлетска трка „Низ улиците на Скопје“, Меѓународен шаховски турнир на слепи и лица со оштетен вид, а се организирани и голем број манифестации како дел од големото одбележување на овој значаен празник за граѓаните на Скопје.Во рамки на свеченоста по повод  Денот на ослободувањето на Скопје во Македонскиот народен театар свечено ќе им бидат додели наградите  на добитниците на „13 Ноември“, а по нивното доделување во чест на добитниците и по повод празникот на Скопје, ќе биде одржана музичка- сценска  изведба „Скопје слободно чекори напред, истакна градоначалникот Трајановски.

Тања Балаќ, ги информираше присутните дека за овој јубилеен и значаен историски датум, Градот Скопје подготви програма која содржи над 80  настани различен карактер: хуманитерен, еколошки, образовен, спортски и културно-уметнички карактер. Годинава во оваа прогама се вклучија Општините во Градот Скопје, основните и средните училишта, детски градинки, културни установи, невладиниот сектор,  спортски федерации и клубови и со свои активности проднесоа за збогатување на програмата.

Годинава централниот настан ќе се оддржи на 13 Ноември во објектот на Македонскиот народен театар во 19:30 часот, каде што традиционално ќе им се додели Наградата „13-Ноември“ на Град Скопје  за високи достигнувања од областа на културата и уметноста, образованието, науката и здравствена заштита. По доделувањето на  наградите , ќе биде одржана музичка- сценска  изведба „Скопје слободно чекори напред“во режија на Наташа Поплавска, во која учествуваат врвни балетски и  оперски уметници и актери од Македонија - припадници на повеќе етнички заедници кои живеат во Скопје. 

Исто така, на 13 ноември традиционално ќе се полагаат цвеќиња пред Споменикот на ослободителите на град Скопје,  на платото  пред Владата на РМ и пред Споменикот на генерал Михалјо Апостолски на Градските гробишта во Бутел.

Освен овие активности годинава во програмата влегуваат и одбележување на повеќе јубилеи и годишнини на средните училишта на Град Скопје, како што се Никола Карев, Браќа Миладиновци, Васил Антевски-Дрен, и други пригодни сценско-музички програми во градинките и основните училишта, хуманитарни и еколошки акции и слично. 

Централната програма ќе се одржи во соработка со Музеј на град Скопје кој е реализатор на програма, во соработла со Арт Медиа коишто се автори на сценската изведба, логото, видеоспотот и веб-страната и севкупниот визуелен изглед на промотовниот материјал.

05.11.2014 - 14:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега