ВНИМАВАЈТЕ: Фрчат казни за несовесните возачи

Сообраќајната полиција во текот на изминатите 24 часа на подрачјето на Град Скопје извршила увид на вкупно девет сообраќајни незгоди, при што во шест се со материјална штета, а во три со полесни телесни повредии се здобиле тројца сопатници и еден пешак.
Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се тројца возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, осум возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, тројца возачи кои не ги почитувале светлосно-сообраќајните знаци на крстосница и 18 возачи кои не го користеле безбедносниот појас или, пак, го користеле мобилниот телефон за време на управување на возилото.

Со помош на специјалното возило „пајак“ од страна на сообраќајната полиција отстранети се 61 возило кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.


06.11.2014 - 09:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега