Нови тротоари за „Турунџов“ и „Междуречка“ во Бутел

Деновиве, општина Бутел ги привршува тротоарите на улиците „Александар Турунџов“ и „Мара Междуречка“ во населбата Бутел 2.

Станува збор за фрекфентни улици со голем број пешаци. Првата улица води до детската градинка и ОУ „Панајот Гиновски“, а втората улица, освен до домовите на граѓаните води и до новото повеќенаменско спортско игралиште, информираат од општината.

Вкупната површина на тротоарите е поголема од 1 000 метри квадратни. Тротоарите се градат со павер елементи, а се поставуваат и нови рабници.

Изведувач на работите е фирмата „Ексико“ од Скопје.

Средствата во висина од 1 900 000 ден. се обезбедени од буџетот на општина Бутел.

06.11.2014 - 10:33

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега