Скопјанец повеќе нема да краде

Познат скопски крадец е предаден на обвинителството и против него е поднесена кривична пријава.

Од страна на судија на претходна постапка на 46-годишниот Б.А. изречена му е  казна девет месеци затвор, и притвор до правосилноста на пресудата.

На 17.10. со намера за себе да прибави противправна имотна корист пријавениот на бул.,,Партизански Одреди“ при качување во автобус на ЈСП со бр. 7 извршил едно кривично дело кражба во обид.

Кривичното дело го извршил на тој начин што ја искористил гужвата во автобусот и невниманието на оштетениот, и со протнување на раката во левиот џеб од панталоните се обидел да му ги одземе парите, меѓутоа истиот бил забележан, спречен и фатен од страна на оштетениот.

Против Б.А. од 1986 - 2014 година поднесени му се 19 кривични пријави од областа на имотните деликти за ,,кражби“ и ,,тешки кражби“.

06.11.2014 - 11:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега