Скопјанец во безсознание пренесен во болница

Во текот на вчерашниот ден во 18 часот и 35 минути во селото Батинци, во куќата во сопственост на 47-годишниот И.Т. се одвивала вистинска драма. Во куќата дошло до вербална расправија помеѓу И.Т. и 26-годишниот Ј.К. во која во еден момент И.Т. земал штрафцигер, по што Ј.К. го турнал  и истиот се удрил на подот и паднал во безсознание.

На И.Т. му е  укажана лекарска помош во ГОБ “Св. Наум Охридски”, каде му е констатирана тешка телесна повреда и истиот е задржан на понатамошно лекување. 

 

06.11.2014 - 12:09

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега