Исчезна маж од Скопје - семејството во паника

Жена од Скопје вчера се јавила во полициска станица и пријавила дека исчезнал нејзиниот сопруг. Според податоците од полицијата, во 16 часот и 30 минути во полициската станица во Аеродром, 39-годишната К.А. пријавила дека околу 09 часот и 55 минути од засега непознати причини, од домот во непознат правец се оддалечил нејзиниот сопруг, 39-годишниот И.А.

Полицијата трага по скопјанецот.

Претходно, во полициската станица во Ѓорче Петров уште еден Скопјанец од Волкови пријавил дека во непознат правец се оддалечила неговата 19-годишна сестра.

06.11.2014 - 12:21

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега