Земјите од регионот ја копираат Македонија во најуспешните владини проекти

 

На 28 октомври, вицепремиерот Пешевски, министерот Јанакиески и менаџменот на ТАВ Македонија ја пречекаа Јана Ивановска, милионитиот патник на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје. Ивановска доби викенд патување во Истанбул за двајца, хотелско сместување и парична награда.

„Лани бевме многу блиску да го добиеме милионитиот патник, но не успеавме поради маглата“ – рече Јанакиески.

На 4 ноември, српскиот премиер Александар Вучиќ на „Никола Тесла“ го пречека Никола Миљковиќ, студент кој тргна на пат за Бања Лука, со кого бројот на патници низ белградскиот аеродром достигна 4 милиони. Никола доби два повратни билета до дестинација по негов избор и награден ваучер, а премиерот Александар Вучиќ уште еднаш го ископира македонскиот модел, пишува ЛИДЕР.

-Србија и нејзиониот премиер веќе неколкупати го испробаа нашиот рецепт. По македонски стапки тргнаа кога се решија да субвенционираат кредити и да нудат евтини станови, да го подобрат економскиот амбиент и бизнис – климата, да привлечат странски инвеститори. Вучиќ во своето прво интервју откри од каде ја црпи инспирацијата, анализира порталот.

„Сакаме во автомобилската индустрија, земјоделството, во преработувачката индустрија на дрво да го задржиме најдоброто, а не компаниите кои сакаа да инвестираат во Србија да заминуваат во Македонија“ – рече  Вучиќ.

Свесна дека економската презентација на Македонија, или популарно нареченото роуд – шоу дава резултат, Србија се реши да не копира, па тргна да организира бизнис – форуми, да воспоставува директни контакти со потенцијални инвеститори, да прави турнеи низ европските земји. При последната октомвриска економска промоција во Лондон, премиерот Вучиќ доживеа и вистинска непријатност, откако при неговото предавање, во амфитеатарот на факултетот влета контроверзниот српски бизнисмен Никола Сандуловиќ, кој го обвини Вучиќ  за нерегуларни избори.

Но, Србија не ја следи Македонија само во делот на привлекувањето странски инвеститори. Слично како и македонската Влада, која реши транспарентно да ги избира првите луѓе на јавните претпријатија, и Србија почна да бира директори на јавен оглас. Ликвидноста на фирмите ја подобрува со поволни кредити, со обезбедени 60 милиони евра за субвенционирање на каматите, превзеде мерки за поттикнување на вработувањето (слични на оние кои се реализираат преку АВРМ), мерки за елиминирање на сивата економија, за изградба на евтини станови.

Хрватска, пак, реши да го ископира нашиот модел за отпис на долгови и да им помогне на околу 140.000 социјално – загрозени граѓани, невработените, пензионерите со ниски примања.

Најкопиран македонски проект се владините роуд-шоуа.

Целата обемна анализа прочитајте ја на ЛИДЕР

07.11.2014 - 09:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега