Платил 20 денари добил 30.000 - многу среќа за радовишанец

 

Под влијание на Шкорпијата, ѕвездите  среќата ја насочија кон астролошкиот припадник на знакот Стрелец. Среќата го прати  Драги Јовановски од Радовиш, кој сигурно ќе се радува на следниот роденден во декември годинава.

 -Драги е уште еден наш вљубенiк во астрологијата, кој решил да се забавува со Експрес лозот Хороскоп. Купил  4 Експрес лоза Хороскоп од продажното место Тобако во Радовиш, а во еден од нив си ја пронашол и својата добивка-30.000,00 денари. До добивката стасал благодарение на неговиот син. Драган е редовен играч на игрите на среќа на Државна лотарија на Македонија, а ова е негова прва поголема добивка, информираат од Лотарија.

Најновиот Експрес лоз на Државна лотарија на Македонија, под името ХОРОСКОП беше пуштен во продажба на 5 јуни. Под мотото „Отвори и види што носи твојот хороскопски знак“ денес, Државна лотарија на Македонија со оваа игра на среќа, внесува интересна забава за љубителите на Експрес лотаријата и астрологијата. Со Експрес лозот Хороскоп на Државна лотарија на Македонија имате супер шанса за експресни добивки од 20  до 30.000 денари, со влог од 20 денари.

07.11.2014 - 10:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега