Петмина повредени во сообраќајки на скопските улици

Во текот на изминатите 24 часа на подрачјето на Град Скопје сообраќајната полиција изврши увид на шест сообраќајни незгоди. Од нив, две се со последица материјална штета и четири со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле двајца возачи на патничко моторно возило и тројца пешаци.

Во текот на вчерашниот ден сообраќајната полиција открила и санкционирала двајца возачи кои ги управувале возилата под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, 13 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, 18 возачи кои не го користеле безбедносниот појас или, пак го користеле мобилниот телефон за време на управување на возилото и 17 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин или, пак, поминале на црвено светло на семафорот за пешаци.

Со помош на специјалното возило „пајак“ од сообраќајната полиција отстранети се 60 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

 

07.11.2014 - 12:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега